Настов: Во Градски парк се адаптира теренот со тартан и ризла за пристапност на сите граѓани

Директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов по повод реакциите во јавноста за вчерашното асфалтирање на патеката околу лавиринтот во Градскиот парк денеска соопшти дека непотребни се тензии во почетната фаза на реконструкцијата и ги повика граѓаните за трпение при изведба на работите дури да се дојде до крајниот резултат.
– Вчера почнавме со реконструкција на патеките во делот кај лавиринтот, непотребни се тензии во почетната фаза на реконструкција дури не се заврши целосно реконструкцијата. Патеката околу лавиринтот се обложува за бондирање и ќе биде покриена со тартан материјал, останатите патеки кои се со оштетен асфалт само се реконструираат со нова асфалтна маса и онаму каде што ќе биде потребно заради поголема пристапност на барање на граѓаните. Патеките кои се со ризла ќе бидат обновени со нов слој ризла, затоа апелирам до граѓаните за трпение при изведба на работите дури да се дојде до крајниот резултат и сигурен сум дека ова ќе биде најпријатното катче од Градскиот парк и за најмладите генерации, за лицата со физичка попреченост и за сите останати граѓани кои досега имале отежната пристапност во тој дел. Во Градски парк се адаптира теренот со тартан и ризла за пристапност на сите граѓани, истакна Настов.
Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека работните активности за реконструкција на патеките во паркот продолжуваат со ист интезитет и дека моментално се работи на обнова на ризлата на првиот дел од паркот.
Ново на Сител
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
-

Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина
-

Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе
-

Мицкоски од Конче: Нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места
-

Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
-

Препораки и мерки за актуелната состојба со сметот: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот
-

Касами ја продолжува кампањата за Тетово, рече дека бил градоначалник на сите граѓани
