Македонија
28. July 2022 - 11:57

Стевче Јакимовски: Ние Македонците сме најпонижена нација во Европа

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за „Click21“ изјави дека Македонците се најпонижени во Европа.

„Европа секогаш го гази послабиот, во Европа никогаш нема правдина. Мислам дека тоа е јасно како ден. Нашиот европски пат е исполнет со понижувања, со горчина во душата, а ние Македонците сме најпонижена нација во Европа“, кажа Јакимовски.

Јакимовски во емисијата кажа дека македонскиот народ во регионот го третираат за потсмев.