ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега од референдум

СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе.
Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум.
Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот.
Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум.
Очигледно СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум.
ВМРО-ДПМНЕ ја прифати референдумската иницијатива, и таа е начин на да се зачува јазикот, историјата и идентитетот. Народот мора да биде слушнат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
