Мирен ден по тешката ноќ во Ѓавато, пожарот е под котрола
Пожарот помеѓу Богданци и Гевгелија од утрово е ставен под контрола. После тешката и непроспиена ноќ во селото Ѓавато денска е мирно, а опожарените површни кои и понатаму чадат сведочат дека овде се водела вистинска борба со пламените јазици. Преку 150 луѓе со голем број возила со часови се обидувале да го совладаат големиот оган кој започнал од полето но поради лошите временски услови и ветрот за кратко се проширил и на ридот.
Покрај екипите на дирекцијата за заштита и спасување во гаснењето биле вклучени и пожарникари од Гевгелија, Валандово, Струмица Неготино и Кавадарци, припадници на МВР и околу 50 доброволци од месното население. Утрово на терен интервенираше и армискиот хеликоптер.
Жителите на Ѓавато видно исплашени, велат глетката била застрашувачка.
Според првичните информации зафатени се околу 400 хектари со ниско стеблеста шума, а опожарени се и повеќе површини со овошни насади и земјоделски култури. Материјалната штета за сега не е позната.
Дежурни екипи и денеска остануваат на критичните точки и ја контролираат состојбата, а на терен се и инспекторите за пожари кои треба да ја утврдат причината поради која настанал пожарот.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар