Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села
Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни од општините.
По препорака на противпожарните служби, вчера, преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на четири села, превентивно да се евакуираат.
Исто како и вчера, така и денеска, висока е опасноста од пожари во повеќе делови на Грција.
За 24 часа, заклучно со синоќа, во земјата биле регистрирани 53 шумски пожари.
Во текот на викендот во Грција пристигнаа пожарникари од Романија и Бугарија, дел од европската пилот програмата во која учествуваат над 200 пожарникари од шест европски земји, кои летово ќе им помагаат на нивните грчки колеги во гаснењето на пожарите.
Пожарникарите од Романија пристигнаа во Атина, а Бугарите се распределени во градот Лариса.
Во периодот јули-август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка ќе б идат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита и во размената на знаење и искуство со нивните грчки колеги.
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа