Почна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве на терен интензивно работат на реализацијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до Железничкиот мост, каде се врши на ископ на нефункционалната и запуштена патека, при што се отстрануваат старите и оштетени плочи, соопшти Град Скопје.
На овој потег, како што посочуваат, постоечките патеки се со должина од 750 метри и ширина од три метри, а досега е извршен ископ во должина од 550 метри.
По завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности за целосна обнова и продолжување на постоечките патеки. Истовремено, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираат активности за хортикултурно уредување на овој потег.
Реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар ќе се одвива во три фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани. Првата фаза, чија реализација е во тек, е на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром, информираат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција