Нов зелен плоштад и парк во скопската населба Ченто

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски, извршија увид во започнувањето на изградбата на нов зелен плоштад и парк во населбата Ченто во општина Гази Баба.
Градоначалничката Арсовска истакна дека согласно програмата за модерно Скопје, воспоставувањето на нови зелени површини и нови паркови е еден од приоритетите во работата на Градот Скопје, а граѓаните на овој дел од општината за прв пат ќе добијат модерен парк и нови уредени зелени површини.
Согласно програмата за модерно Скопје и воспоставување на нови зелени површини на територија на градот Скопје, денеска започнуваме со хортикултурно уредување на јавна површина, нов зелен плоштад на улицата „Јужноморавски бригади“, во населбата Ченто, нов парк за над 20.000 жителите на овој дел од општината, кој ќе биде уреден на површина од 5000 квадратни метри, рече таа.
Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Сотировски истакна дека на иницијатива на градоначалничката екипите на јавното претпријатие веќе се започнати со целосно расчистување на теренот.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ веќе започнаа со целосно расчистување на теренот, а во следниот период ќе се пристапи кон рамнење на почвата како и пополнување на површината со квалитетна почва, спроведување на систем за полевање и подготовка на почвата за садење на дрвја и вегетација, а се предвидува и флористичко збогатување на просторот, вели Сотировски.
Градоначалникот Стефковски упати благодарност до градоначалничката на Град Скопје за напорите кои ги вложува за нови проекти во општината Гази Баба кои се секогаш поздравени и во интерес на граѓаните, како и тоа дека жителите на Ченто за прв пат ќе добијат ваков нов зелен простор.
Благодарност до градоначалничката на Град Скопје, за напорите кои ги вложува Градот Скопје за нови проекти во општина Гази Баба, соработката со Градот е поздравена и е во интерес за граѓаните на општина Гази Баба. Ова место кое претходно беше неуредно и полно со шут и ѓубре, сега жителите на населбата Ченто со овој проект за прв пат откако е населена оваа населба ќе добијат нов зелен плоштад и уреден простор за одмор, спорт и рекреација, истакна Стефковски
Ново на Сител
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
