Лани од насилна смрт починале 677 лица
Од насилна смрт лани во државава починале 677 лица, што е за 54,6 проценти повеќе во однос на претходната година.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, умрените од насилна смрт учествуваат со 2,4 проценти во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2021 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 61,9 процент. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 83,3 проценти, „самоубиствата“ со 15,5 проценти и „убиствата“ со 1,2 проценти.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 65,1 процент во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт. Кај категоријата „самоубиства“, пак, најголемо е учеството на случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 8,3 процент во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт. Додека во категоријата „убиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ и поради „обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин“, учествуваат со по 0,4 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
