Македонија
22. јуни 2022 - 12:35

Бугарски „Капитал“ - Бугарија го укинува ветото?

Бугарски „Капитал“ утринава пишува дека во петок очекува историски исчекор кон укинување на ветото за Македонија.

- Пратениците од владејачките фракции размислуваат да поднесат декларација до парламентот во петок, слична на онаа за воена помош за Украина, во која пратениците велат дека Националното собрание се обединува околу одлуката за деблокирање на процесот за почеток на преговорите за членство на Македонија ЕУ. Ваквата декларација би ги одврзала рацете на секој премиер да го укине ветото, пишува во својата анализа утрово бугарски „Капитал“.