Паркиралиштата на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало стануваат резидентни
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.
– Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. „Рузвелтова“) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите кои живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр. 69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители кои живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска Палата“. Жителите кои веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта, информира ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Веќе од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. „Орце Николов“, а не се корисници – резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“.
– Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар- Скопје, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие, беше изгласана на 11-та седница на Советот на Општина Центар одржана на 9 јуни 2022 година, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Променливо облачно
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“