Совети и флаери за превенција од топлотен бран во Крива Паланка

Дваесетина волонтери на Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка во соработка со Отсекот за превенција при Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка денеска во центарот на градот делеа флаширана вода и флаери со совети за заштита од топлотниот бран.
- Во централното градско подрачје беа поделени над 300 половиналитарски шишиња студена вода за освежување на луѓето во паркот, на случајните минувачи, како и на возачите кои беа запирани, а им беа поделени и едукативни флаери со совети за заштита од топлотниот бран. Флашираната вода е донација од Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка, а акцијата ја подржа и секторот за превенција при ПС од општа надлежностод нашата општина, со што дадовме придопнес во заштита на нашите сограѓани од превисоките летни температури, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црен Крст, Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
