Македонија
17. јуни 2022 - 8:13

Центарот за болести на црн дроб добива нов ултразвучен апарат

Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија денеска ќе одржи прес-конференција по повод ставaње во функција на нов ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиниката.

Како што информираат од Клиника за гастроентерохепатологија, новиот апарат е од најнова генерација и овозможува добивање на подобра приказ и попрецизни информации во однос на состојбата на пациентите.

На прес-конференцијата ќе се обратат професор д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и Митко Јанчев, кој го обезбедува апаратот како донација преку Фондација „Никола Јанчев“.