Најавено целосно пробивање на левата цевка на тунелот Фариш
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе присуствува на целосното пробивање на левата цевка на тунелот Фариш во правец кон Прилеп, кој се гради на експресниот правец Градско – Прилеп, информира Министерството за транспорт и врски.
На настанот е најавено присуство и на заменик министерот Беким Реџепи, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈПДП Благојче Трпевски.
Тунелот Фариш е составен од две цевки, односно лев тунел, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и десен тунел, кон Градско со должина од 159 метри.
Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници. Во тек се работи на првата, Градско-Дреново, како и на втората Дреново–Фариш, додека третата делница опфаќа проширување на патот од Прилеп до мостот на Ленишка Река и изградба на трета лента на делницата од село Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.
Ново на Сител
-
МЗ: Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август
-
Цела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција – повредени 15 пожарникари
-
Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус
-
Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК