Живот
21. July 2015 - 15:11

За само неколку минути изгубила 254 пријатели, само поради една фотографија

„Живеевме заедно, и ни беше убаво, но не можам повеќе со тебе. Жал ми е, те оставам!“, му кажа на својот жилет.
 
Се повеќе и повеќе жени одлучуваат да се откажат од своите жилети на подолго време или пак да престанат да ги користат.
 
Денес, тука е восокот, ласеското депилирање и уште многу други кои нашата кожа ја прават како бебе.
 
Тоа што мајката природа ни го дала се смета како нехигиенски и некултурно. Меѓутоа, контра ефектот е се поголем, така што многу жени почнуваат да избегнуваат отстранување на влакната, и избираат да живеат потполно природно. Кога Стефани ја закачи оваа фотографија на друштвената мрежа Фејсбук, доби огромен број коментари
Меѓутоа, Кога се сликала од друг агол, добила само презир и подсмев. „Одвратна си“ или „Иди дома, девојко и избричи се“. На лошите коментари им немало крај, имала 254 пријатели помалку тој ден на Фејсбук.
Среќа, се наоѓало и по некој позитивен коментар. Стефанни стекнала репутација на многу храбра девојка, зошто не би се осудил секој на вакво нешто. „Мораме да стоиме позади тоа - Господ нас вакви не створил“, напишала девојката во описот на сликата.
Уште една девојка не се срамела да ја покаже својата „природна“ убавина. „ Мојот дечко ме прифати таква каква што сум и не смета дека сум грда и непривлечна“.