Зеленски: Запирањето на руската инвазија е клучно за целиот свет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека исходот од војната во неговата земја влијае не само врз Украина, туку и на иднината на меѓународниот поредок.
– Токму на боиштата на Украина се решаваат идните правила на овој свет, рече тој.
Говорејќи преку видео-врска на азискиот безбедносен самит во Сингапур, Дијалог Шангри-Ла, тој рече дека неговата земја се обидува да ги истисне Русите од областите што ги контролира уште од почетокот на војната.
Тој додаде дека украинските сили исто така се бранат од жестоки руски напади на истокот на земјата, особено околу градот Северодоњецк.
Истакнувајќи ја досегашната поддршка од Западот и азиските сојузници, Зеленски рече дека е клучно земјите што испраќаат помош да не попуштат.
Тој, исто така, нагласи дека Русија ги блокира пристаништата во Црното Море и Азовското Море, задржувајќи го украинскиот извоз на храна до светскиот пазар.
– Ако не можеме да ги извезуваме нашите прехранбени производи, светот ќе се соочи со акутна и тешка прехранбена криза и глад во многу земји во Азија и Африка, истакна Зеленски.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
