Абрахам: Шолц мора силно да ја притисне Бугарија, има механизми да се натера да го тргне ветото

Веродостојноста на процесот на проширување на ЕУ и мотивацијата на Западниот Балкан за такво нешто може да се вратат со почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, вели германскиот пратеник и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од редовите на ЦДУ, Кнут Абрахам, во разговор за Дојче веле.
Осврнувајќи се на претстојната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Скопје и Софија, во обид да издејствува решение за спорот меѓу двете земји и почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, Абрахам смета дека притисокот мора да се насочи кон Бугарија.
– Мораме да извршиме огромен притисок врз пријателите во Софија и да им укажеме дека билатералните прашања, како што е македонско-бугарскиот проблем, не смеат да го блокираат целиот процес на проширување на Западниот Балкан, вели Абрахам.
ЕУ и Германија, според него, имаат механизми да ја натераат Бугарија да го тргне ветото.

– Тука мислам на очекувањата на бугарската Влада од ЕУ, но и билатералните очекувања, и ние мора тоа да го искористиме за да им ставиме јасно до знаење на пријателите во Софија, дека овој проблем е таков, што мора да се решава на билатерално, а не на европско ниво, вели Абрахам.
Тој смета дека на сите земји-кандидати за членство во ЕУ треба да им се даде можност за поблиска интеграција, во прв ред економска, со Унијата уште пред да станат членки. Коментирајќи ја таквата идеја на францускиот претседател Емануел Макрон, Абрахам вели дека поентата не е тие земји да останат надвор од ЕУ, туку економската асоцијација да биде еден од чекорите кон полноправно членство.
– За нас во ЕУ е важно да разгледуваме модели во кои државите ќе усвојуваат делови од европското законодавство, особено за внатрешниот пазар, и на тој начин ќе можат да имаат корист од економските предности на Европа без да бидат полноправни членки. Таквото поврзување или членство во внатрешниот пазар е чекор кон полноправно членство, а не замена за полноправното членство, вели Кнут Абрахам.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
