Петков: Европа ќе гарантира промени во македонскиот Устав пред почеток на преговорите
Бугарскиот премиер Кирил Петков ја пофали денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од „Има таков народ“ за напредокот во преговорите за европска иднина на Северна Македонија.
Во интервју за БТВ, премиерот на Бугарија нагласи дека нејзините неодамнешни разговори во Скопје, во изминатиот викенд, ги доближиле можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во Северна Македонија.
– Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска има разговарано дека само доколку се промени Уставот на Република Северна Македонија ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери, ова го изјави премиерот Кирил Петков во програмата „Лице в лице“, неколку часа откако коалицискиот партнер од „Има таков народ“ се повлече од владината коалиција.
Тој го оцени тоа како невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, кој во моментов е само на ниво на предлог.
-Односно пред ваква средба Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот и тоа да го гарантира Европа, додаде премиерот Петков.
Тој посочи дека сите нови можности за кои се разговара, сакал да бидат на една маса од сите,додавајќи дека тоа е новиот предлог што сака да го коментира.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
