Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина
Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници.
„Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“.
„Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа.
Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта.
Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето.
„Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време.
„Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа.
Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории.
„Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк.
„Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес.
Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил