Захарова за балканската забрана за прелет на Лавров: ЕУ е таа што со завеса ја заградува Русија
Земјите што ја опкружуваат Србија, го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров, со тоа затворајќи уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа го истакна ова во врска со забраната за минување на рускиот шеф на дипломатијата, кој требаше да ја посети Србија.
Захарова истакна дека Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија.
– Токму денеска, пред еден час, земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, недозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал, појасни Захарова.
Таа ја даде изјавата за италијанскиот телевизиски канал Ла7, јавија руски медиуми.
– На крајот на краиштата, нема да има железни завеси од наша страна, не мора да се грижите. Европската Унија е таа што со завеса ја заградува Русија. Вашите грешки се тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас, нема други народи во светот. Немате морално право некого да учите нешто, додаде Захарова.
Медиумите потсетуваат дека Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија, забраниле прелет на авионот со Сергеј Лавров низ својот воздушен простор кон Србија, каде рускиот министер за надворешни работи денеска требаше да пристигне во дводневна посета. Но, како што сега стојат работите, се чини оти од посетата, нема да биде ништо.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Чашка излезеноста 40 проценти, во Градско 26,01
-
Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%
-
Зеленски: Русија употреби 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 бомби оваа недела
-
Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите
-
ЈОРСМ: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес
-
Локални избори 2025, вести во 12:00 на Сител Телевизија
-
Пожар во куќа во Драчево
-
Прегазена 74-годишна жена во Ресен