Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства во 1998-99 година
Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.
– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.
Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.
Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ.
Ново на Сител
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот