Мицевски: Џафери да закаже итна седница за законите за ДДВ и акцизи што ги доставија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ денеска поднесе барање до претседателот на Собранието Талат Џафери за закажување итна седница
на чиј дневен ред ќе бидат поднесените закони од нивна страна – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог-законот за изменување на Законот за акцизи.
-Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро зашто секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за горивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат, доведени се до ситуација да
очекуваат некој нешто да преземе, бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави можат да преживеат едвај една недела, а не цел месец, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој потсети дека со вчера поднесените предлог-закони се предвидува акцизата за горивата да се преполови и да изнесува пет отсто, наместо актуелните 18 проценти, а прехранбените производи да бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.
-Го повикуваме собраниското раководство веднаш да ја закаже итната седница, напомена Мицевски.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
