Гостин повикал полиција за цена на кафе, барот казнет со 1.000 евра
Кафуле во Фиренца е казнет со 1.000 евра откако гостинот се изнервирал поради цената на филџан еспресо. Имено, посетителот повикал полиција и се пожалил дека цената не била прикажана на таблата зад шанкот.
Таа грешка го чинеше барот „Дита артиџијанале“, познат по своето кафе и победи на неколку натпревари. Инаку, кафето без кофеин го чинело незадоволниот гостин две евра во центарот на Фиренца.
Франческо Санапо, сопственикот на кафулето, на интернет се пожали на казната и го бранеше своето кафе кое, како што вели, потекнува од мала плантажа во Мексико и се подготвува со големо внимание. Тој рече дека цената на кафето била прикажана на дигиталното мени.
– Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе без кофеин. Може ли да поверувате!?, прашува Санапо на објавеното видео, додека го држи писмото од полицијата.
– И денес, ако некој е дотолку изнервиран и повика полиција, таа казнува по застарениот закон. Овој закон мора да се смени, или во спротивно 99,9 отсто од објектите ќе бидат казнети, рече тој.
Во Италија просечната цена на еспресото е едно евро, иако повеќе од 70 отсто од продавниците ги зголемија цените од почетокот на годинава поради ситуацијата со синџирите на снабдување и слабата реколта. Групите на потрошувачи предупредија дека цената на еспресото годинава може да порасне до 1,5 евра.
Санапо рече дека кафулето, кое на Фејсбук е опишано како „првото италијанско кафуле посветено на квалитетно кафе“, било сметано дури и за револуционерно кога наплатувало 1,5 евра за еспресо кога се отворило во 2013 година. Во нивна одбрана застана и Здружението на мали стопанственици.
И некои од редовните гости го бранеа кафулето.
Ново на Сител
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Поскапуваат бензините и дизелот
-

Од 24.000 на 34.000 денари поскапува полагањето за возачка дозвола од Б категорија
