Македонија
24. May 2022 - 17:32

Муцунски: Автокефалноста на МПЦ ни носи духовна радост и душевен мир

Честитки по повод упатувањето на томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква - Охридска Аерхиепископија од страна на светиот синод на Српската Православна Црква.
 
Искрено посакуваме и веруваме дека наскоро ќе следи официјалното прогласување на автокефалноста на нашата вековна Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.
 
Овие значајни одлуки и благопријатни вести ни носат голема радост, духовен мир и надеж за поубава и посветла иднина на сите нас во татковината, на сите Македонци ширум светот и на целиот христијански православен свет.
 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ