Ковачевски - Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Република Франција Емануел Макрон на кого му ја честиташе победата на претседателските избори и му посака успешен втор мандат како шеф на државата.
Премиерот Ковачевски го честиташе и изборот на премиерка на Француската Република, Елизабет Борн, и истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.
Претседателот на Владата Ковачевски го нагласи интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонијa.
Нема време за губење, се согласија премиерот Ковачевски и претседателот Макрон и потенцираа дека натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот што прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање.
Во однос на билатералните односи, традиционалното пријателство меѓу двете земји, споделија Ковачевски и Макрон се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
