Сијарто: Ако Грција не може да ја заштити границата да се создаде друга одбранбена линија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија долж своите граници „нема да крене ниту еден километар ограда повеќе отколку што е неопходно“ и изрази надеж дека Романија е во состојба да ги чува своите граници, пренесе Аџерпрес.
- Може ли некој да ми каже, доколку има дневен прилив од 8.000 -10.000 илегални имигранти на граница од стотици километри, како може да ги извршува своите обврски, предвидени во Шенгенскиот договор без физички бариери? Преку изградбата на оваа ограда на чесните луѓе не им предизвикавме никакви штети, посочи Сијарто на заедничката прес-конференција со романскиот колега Лазар Команеску во Букурешт.
„Нема да изградиме ниту еден километар ограда повеќе од тоа што е неопходно, и се надеваме дека Романија е во состојба да ги обезбедува сопствените граници и дека никогаш нема да и се наметне потребата да се судри со мигрантски прилив, со кој Унгарија беше принудена да се судри“, додаде тој.
Сијарто прецизира дека Романија и Унгарија имаат заедничка гледна точка за прашањето за миграцијата во смисла дека надворешните граници на Европската унија треба да се заштитат.
- Во моментов не се гради ограда долж границата меѓу Унгарија и Романија. Можно е да се изгради, но се надеваме дека нема да има ситуација во која оваа тема ќе биде разгледана. На Романија, како и на двете земји и посакуваме во иднина да не се најдат под мигрантски притисок, за да ги наметнат ваквите мерки, подвлече унгарскиот шеф на дипломатијата.
Според него, во Европа постои „двосмислена политика“ во однос на проблемот со миграцијата, бидејќи Европејците многу зборуваат за овој проблем, но не се прави ништо конкретно за обезбедувањето на границите на ЕУ.
- Треба да ја запреме оваа неконтролирана миграција. Ако Грција не е во состојба да ја исполни оваа своја обврска, треба да создаде друга одбранбена линија, која ќе ги вклучи Бугарија и Македонија. (...) . Со целото мое почитување кон Грција, доколку некој не ги исполнува своите обврски, кои му се наметнуваат според членството во една заедница, тогаш треба да има последици, затоа што има ризик целата заедница да се распадне. Треба сериозно да ги разгледаме сценаријата јужната граница на Шенген зоната да се премести на северната граница на Грција, посочи шефот на унгарската дипломатија.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе