-->
-->
Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат
-->
Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши на денешниот конгрес на партијата доби нов четиригодишен мандат.
– Ова е голема чест и одговорност. Им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено, сакам ова да биде успешен мандат, не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека „Алтернатива“ станува еден од најсериозните политички субјекти со намера да придонесе во севкупните политички процеси во државата, изјави Гаши по конгресот.
„Алтернатива“ денеска го одржа првиот конгрес на кој присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претставници на политички партии од земјава и од Албанија и Косово и претставници од дипломатскиот кор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
