Собранието расправа за Предлог закон за решавање на статусот на стечајците
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја почна расправата по Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со општествена и државна сопственост, поднесен од опозицијата.
Се предлага сите работници кои останале под стечај да можат од Агенцијата за вработување да добијат надомест од 30 проценти од просечно исплатената нето плата во претходната година.
- За да се реши ова горливо прашање за стечајните работници и да се обезбеди егзистенција за оваа категорија на луѓе потребно е да се обезбедат пет милиони евра од Буџетот на Република Македонија за 2016 година, рече Милева Горгиева од СДСМ, која го образложи предложениот закон.
Соња Мираковска од НСДП посочи дека станува збор за околу четири илјади стечајци со чие решавање на статусот трајно ќе се затвори ова прашање. - Тоа се граѓани кои не припаѓаат на ниту една политичка партија. Тоа се граѓани кои се нашле во ваква ситуација, рече Мираковска.
Според ВМРО-ДПМНЕ, предложеното законско решение е популистичко со кое опозицијата сака пред избори да добие политички поени кај оваа категорија на граѓани.
- Зошто овој Предлог закон го носите пред избори. Сега настапувате популистички пред оваа категорија на граѓани, а во минатото покажавте колку се грижите за овие граѓани, рече Нада Ципушева.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека предложеното законско решение е понеповолно од постојниот закон бидејќи, како што посочија, со предлогот 15 години стаж и 52 години за жена и 55 за маж се коси принципот на социјална еднаквост, а се намалува и висината на надоместокот којшто треба да го земаат стечајците.
Рафиз Алити, во името на пратеничката група на ДУИ, рече дека ќе го поддржат Предлог законот затоа што сметаат дека треба да се реши статусот на оваа категорија на работници.
- И кога бевме во коалиција со СДСМ по 2002 година предлог-законите каков овој, доаѓаа од ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржувавме, а и сега во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ сме давале поддршка на се она што се предложило и се она што водело кон решавање на статусот на оваа категорија на работници. Ова го велам затоа што како пратеничка група ќе дадеме поддршка на оваа иницијатива не за да добиеме политички поени, туку затоа што сме свесни дека оваа категорија на луѓе навистина бара решение, рече Алити.
Расправата по оваа точка од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.
Ново на Сител
-
Две тепачки во Велес, една во верски објект, друга во угостителски локал
-
Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење
-
Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО
-
Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција
-
Повеќе од 11% од депортираните од Германија минатата година биле малолетници на возраст од 6 до 18 години
-
Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
-
Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење