Зеленски: Се уште сум отворен за преговори со Русија, предуслов е враќање на ситуацијата на 23 февруари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.
Зеленски денеска во видео обраќање во институтот „Чатам Хаус“ во Лондон рече дека предуслов за преговорите е „враќање на ситуацијата на 23 февруари“, ден пред почетокот на руската инвазија.
Британската влада, клучен сојузник на Украина, смета дека Русија мора да биде потисната од цела Украина, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
И покрај засилениот напад на Русија врз источниот регион на Украина, Донбас, Зеленски рече дека се уште има простор за дипломатија.
На прашањето дали Русија наскоро ќе ја преземе целосната контрола над опколениот Мариупол, Зеленски рече дека Мариупол никогаш нема да падне.
– Не зборувам за херојство или нешто слично. Нема што да падне таму, градот е веќе уништен-додаде тој.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
