Македонија
6. May 2022 - 16:33

Сител од Криволак: Како се подготвува најголемата воена вежба во државата?

Kриволак подготвен за најголемата воена активност досега. Eден од најдобрите воени полигони во Eвропа ќе биде домаќин на четири илјади и 600 војници од осум сојузнички армии, кои ќе тренираат брз одговор.

Главна улога ќе имаат падобранците. 45 борбени воздухоплови ќе изведат над 700 дневни и ноќни скокови за десант на Криволак.

Вежбата почнува овој викенд и ќе трае до 20-ти мај, а покрај македонската, учествуваат и американската, британската, италијанската, француската, црногорската, албанската и грчката армија.

Британија во вежбата учествува со својата јуришно воздухопловна бригада, во која покрај илјада и 800 падобранци има и воен персонал од речиси сите профили. Ова ќе биде демонстрација на способноста на НАТО за одбрана земјите членки, рече амбасадорката Галовеј.

Од Криволак воодушевена е и американската војска.

Планирањето за вежбата “Брз одговор” почна пред три години, а истовремено ќе се одвива и во Норвешка, Латвија и во Литванија.