Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата
Во изминативе години успеавме да завршиме или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови во четиринаесет општини низ државата. Дел од нив ги распределивме, а дел се во завршна фаза и во наредниот период ќе распишеме јавни огласи за распределба, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увид во изградба на социјалната зграда во Велес.
Станбената зграда има 29 станови, инвестицијата е 41, 5 милиони денари. Се очекува да биде завршена до октомври годинава.
-Наша обврска е да создаваме услови ранливите семејства да добијат сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства. Зградата во Велес се работи со добра динамика и веднаш по нејзиното завршување ќе распишеме јавен повик за распределба на становите, најави министерот Бочварски.
Тој додаде дека во овој момент во завршна фаза се зградите во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а во моментов во фаза на изградба се 470 социјални станови во Бутел, Сарај, Кочани, Пехчево и таа во Велес.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.
-Разговаравме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Банката даде позитивно мислење за нов заем и на добар пат сме да продолжиме да градиме и низ други општини и да го решаваме станбеното прашање за ранливите категории граѓани, изјави Трајковски.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб