Петков: Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нов енергетска карта на регионот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови на земјите од регионот може уште подобро да се оптимизираат за поголема трошковна ефикасност.
Премиерот на Бугарија ги поздрави учесниците на форумот од Северна Македонија, Грција, Романија, Србија, Турција, Украина и Азербејџан.
Петков, исто така, рече и дека средбата во Софија е за да се покаже дека единството е сила. Гледаме невидена војна во Украина и во исто време гледаме како енергијата се користи како оружје, изјави Кирил Петков.
Договорот меѓу Бугарија и руската компанија Газпром беше еднострано прекршен, рече бугарскиот премиер, додавајќи дека единствен начин да се компензира за овие негативни случувања е обединување на земјите од регионот и да се покаже дека диверзификацијата, оптимизацијата и сите други синергии меѓу нас се тука.
Тој додаде дека енергетските миксови во Западен Балкан може дополнително да се оптимизираат за поголема ефективност на трошоците.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
