САД: Време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ
САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.
Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.
На прашање од МИА да се откријат детали и рокови во врска со ова, портпаролот Нед Прајс синоќа одговори дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија така и на Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо.
-Но, нема да откривам детали за тие разговори, рече Прајс.
Укажа дека САД одамна се голем поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
-Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави тој.
Тој додаде дека одлуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорита за пристапување за Северна Македонија и Албанија ја зметаат за позитивен чекор.
-Двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување, повика Прајс.
Додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го сторат истото со преговарање на нивните билатерални спорови“.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц