СДСМ: Првите сто дена новата Влада ги помина во одговорно и посветено работење
Првите сто дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно им посветено работење и надминување на последиците од економската и енергетската криза.
Преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Уште во првите недели минималмната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а согласно законските рокови следува раст на платите во сите сите сектори.
Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент.
За справување со последиците од кризата обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пезнионерите во времетраење од три месеци.
Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти, денес просечно семејство заштедува околу 4.000 денари поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија
Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните.
Паралелно, продолжуваат реформите во сите сектори важни за нашата европска интеграција, важни за развојот на нашето општество.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните.
Ново на Сител
-
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната
-
СВР Битола со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи
-
Воена вежба „Junction City 2025“ на армискиот полигон Криволак
-
Утврдени финалистите за наградата „Сахаров“ за 2025 година
-
Светски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, иднина, култура и идентитет
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд