Реализирана обука за припадниците на хеликоптерската единица на МВР за мисии при справување со пожари
Изминатава недела припадниците на хеликоптерската единица при Одделот за воздухопловни единици во МВР како резултат на долгогодишната успешна соработка со полициското аташе при амбасадата на Република Словенија во нашата земја, Бранко Скрбинек реализираа обука за нивно оспособување со конкретни вештини за активности и мисии при справување со пожари.
Еднонеделната практична обука беше успешно спроведена од страна на словенечкиот пилот инструктор Игор Подјед и техничарот – летач Ванч Жнидаршич од хеликоптерската единица на словенечкото МВР, при што беа реализирани обуките за ,,Подвесен товар“ - Helicopter Sling Load Operations HESLO 1 и за работа со “противпожарно ведро“ - Helicopter Firefighting HFF, кои успешно беа совладани од сите припадници на хеликоптерската единица.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах