Во Цер ќе бидат одбележани 117 години од смртта на војводата Христо Узунов и неговите соборци
Пред споменикот во кичевското село Цер денеска ќе биде одбележана 117 годишнината од погибијата на Христо-Димитров Узунов, македонски револуционер, учител и војвода.На ова одбележување се очекува да присуствуваат претставници од локалната самоуправа од родниот град Охрид, на охридските и кичевските основни училишта чиј патрон е војводата, претставници од местото на погибијата село Цер и почитувачи на животот и делото на Узунов од Кичево, Битола и други градови од овој дел на земјава.
-Дваесет и четврти април ќе остане трајно врежан во нашата меморија како ден кога пред 117 години тука во село Цер жртвувајќи го својот живот за да не паднат живи во рацете на непријателот Христо Узунов и неговите соборци со саможртва го положиле својот живот.И после 117 години спомените од овој настан не се избришани и ќе останат трајно врежани во постарите генерации и генерациите кои доаѓаат, како потсетник на едно време и показ како се брани и сака татковината, вели историчарот Душан Ристоски, почитувач на животот и делото на Узунов и неговите соборци.
Херојското дело на Узунов и неговите комити, силно ќе одекне на европскиот континент и сите со бескрајна почит пишувале за херојството на комитите и нивниот војвода.
Инаку, учениците од училиштето чиј патрон е „Христо Узунов“ од село Другово, поради штрајкот на наставничкиот кадар нема да присуствуваат на ова одбележување и да се претстават со своја програма, како што претходните години и децении редовно практикувале, потврдија од училиштето.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ: Филипче игра бугарско сценарио
-

Руте во Букурешт: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата
-

Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад
-

Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД
-

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
-

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови
-

По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност
-

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
