-->
-->
Столтенберг: САД бараат Авакси од НАТО во борбата против ИД
-->

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека САД побарале од Алијансата помош во борбата против Исламска држава односно побарале разузнавачки авиони Авакси.
Столтенберг наведе дека се разгледува молбата на САД.
Тој истакна и дека НАТО минатата година тројно го зголемил бројот на силите за реакција до 40.000 лица.
Столтенберг посочи и дека НАТО веќе го проширило присуството во Источна Европа, но оти планира и нови чекори.
- Сакаме да имаме авиони во воздух, бродови во Црно и во Балтичко Море, формираме мали штабови, да имаме повеќе воени вежби. Сето тоа претставува проширување на присуството во источниот дел на Алијансата. Тоа е веќе одлучено и се спроведува во практика, потенцира Столтенберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
