Кривичен суд: Пресудата за сообраќајката кај Сити мол заснована врз постоечките законски одредби

Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје. Оттаму додаваат дека го почитуваат во целост уставно – загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и вољата да го искаже своето незадоволство.
– Воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа конкретната пресуда неможе да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над седум години, велат од Кривичен суд – Скопје.
Од судот ги повикуваат странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право
на жалба пред Воторстепениот суд каде, како што велат, ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата.
Воедно истакнуваат дека ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, и изразуваат сочуство до семјеството.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
