Левица поднесе предлог-закон за намалување на договорите на определено време
Откако пратениците од делегитимираната коалиција, СДСМ и ДУИ, гласаа против предлог-законот на Левица за изменување на Законот за работни односи да се стави на дневен ред во скратена постапка, денес пратениците од Левица го поднесоа предлогот во редовна постапка.
Со ваквиот предлог, предвидуваме намалување на горната граница на договорите на определено време од пет (5) години на шест (6) месеци. Моменталното законско решение значително отстапува од намерата за обезбедување на сигурност на работниот однос, бидејќи предвидува долг период од 5 години.
Ваквата ситуација се покажа во пракса дека е подложна на манипулативно однесување од страна на сопствениците на капиталот, кои еднострано ги штитат своите интереси, за сметка на интересите на работниците, кои речиси и да не можат да обезбедат трансформација на работниот однос од оппределено на неопределено работно време.
За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција.
Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи. Овие организации, кои постојано уживаат заштита од владејачкиот естаблишмент и кои, преку нивната економска моќ, изнудуваат законски решенија во своја корист, покажаа повторно дека бескруполозно ја експлоатираат маката на обичниот човек.
Левица, како единствена парламентарна партија, која го претставува гласот на обесправените и сиромашните, ќе продолжи да е репрезент на работникот и земјоделецот, после 30-годишен монопол на волјата на олигархијата во законодавниот дом.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква