Маск понуди да ги купи сите акции на Твитер
Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили Тесла, Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на Твитер. Тој нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.
– Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, сакам да купам сто проценти од акциите на Твитер за 54,20 долари по акција во готовина … Мојата понуда е најдобра и тоа е последна понуда, а доколку не биде прифатена, ќе треба да ја преиспитам мојата позиција како акционер, изјави Маск.
Тој како финансиски советник ја ангажира банката Морган Стенли.
Маск на 1 април стана сопственик на околу девет отсто од акциите на Твитер.
– Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот. Верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија, напиша Маск во писмото до претседателот на Твитер, Брет Тејлор.
Акциите на Твитер денеска забележаа раст од 11 проценти.
Ново на Сител
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната