Нехамер: Путин ме увери дека снабдувањето на Австрија со руски гас е безбедно
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.
„Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со договорот и дека исплатата може да остане во евра“, рече Нехамер во интервјуто за националната новинска агенција АПА.
Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија. Австрија добива 80 отсто од природниот гас од Русија и се противи на тоа Европската унија веднаш да и воведе ембарго за гас, тврдејќи дека тоа сега не е можно.
Ново на Сител
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес