Македонија
12. April 2022 - 8:37

232 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 за непрописно паркирање...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Ново на Сител