Пентагон: Руските трупи конечно се повлекоа од Киев и Чернигов
Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си.
– Руските сили, во близина на Киев и Чернигов се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон.
Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин” не успеал да постигне ниту една од своите стратешки цели во Украина. „Тој ја презеде контролата само врз малите градови…Руската војска не го зазеде Харков”.
Изјавата на Кирби доаѓа неколку дена откако Русија објави дека ќе ги фокусира своите напори на источниот украински регион Донбас.
Висок функционер на Пентагон, кој побарал да остане неименуван, рече дека руските војници би можеле да се вратат во Киев во иднина, пренесува Би-Би-Си.
Според тинк-тенк Институт за проучување на војната, руските трупи кои се повлекуваат од околината на Киев веројатно нема да се вратат наскоро.
Од 130 руски баталјони испратени во Украина, повеќе од 80 остануваат во земјата, рече официјалниот претставник на Пентагон. Најмалку 24.000 руски војници се повлекоа од Украина.
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
