Грција планира да продолжи со реализација на рускиот гасовод во Европа

Грција планира да продолжи со реализација на проектот за Јужноевропскиот гасовод за испорака на руски гас во Европа, изјави новиот министер за индустриски реформи, животна средина и енергетика Панос Скурлетис.
На церемонијата за примопредавање на функцијата во Министерството за енергетика, тој изрази верување дека тоа е големо достигнување, голем проект кој мора да продолжи.
На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во јуни, министрите за енергетика на Русија и Грција потпишаа меѓувладин меморандум за соработка во изградбата на гасоводот Турски тек на територијата на Грција. Проектот беше именуван Јужноевропски гасовод (СЕП).
Поранешниот министер Панајотис Лафазанис за време на предавањето на должноста истакна дека од Јужноевропскиот гасовод за испорака на руски гас од границата со Турција до централна Европа е приоритет за Грција, и оти Атина треба да продолжи со имплементација без оглед на притисокот и пречките од Европската унија.
- Вложивме многу напори, и покрај притисокот и отпорот, ние потпишавме договор со Русија за Јужноевропскиот гасовод од границата со Турција до централна Европа. Грција ќе биде во можност да оди во нов правец со независна енергетската политика, рече Лафазанис.
Тој додаде дека се уште има притисоци.
- Европската унија врши притисок и во овој момент, обидувајќи се да го запре проектот за јужноевропскиот гасовод и ја попречува неговат реализација, рече Лафазанис и го повика новото раководство во Министерството да продолжи со работа на проектот.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
