Ракомет
27. January 2016 - 19:57

ЕП Полска 2016: Норвешка и Германија во полуфинале, Франција и Македонија на чекање

Репрезентацијата на Норвешка е првиот полуфиналист на ЕП откако во вториот денешен натпревар од групата 1 во Краков го победи европскиот првак Франција со 29:24.

И покрај поразот Франција има шанси за пласман во полуфиналето. Бо за тоа да се случи треба Хрватска во последниот натпревар да ја победи Полска со разлика од 5-10 голови. Хрватска за полуфинале треба да ја победи Полска со 11 разлика, сите други резултати на Полска и го носат полуфиналето.
Во групата во Вроцлав прв полуфиналист е Германија откако вечерва ја победи Данска со 25:23. Сега Данска ќе очекува пораз на Шпанија од Русија за да игра во полуфиналето. Шпанија пак со триумф ќе биде полуфиналист.
 
Со ваквиот расплет настапот на Македонија во олимписките квалификации се уште е неизвесен. За тоа да се оствари Македонија во април да игра олимписки квалификации треба Норвешка да загуби еден од двата натпревара или појасно да не ја освои европската титула.
Резултати:
Група 1: Македонија - Белорусија 29:30, Франција - Норвешка 24:29. Полска и Хрватска играат во 20:30 часот.
Група 2: Шведска - Унгарија 22:14, Германија - Данска 25:23. Шпанија - Русија играат од 20:30 часот.
Табели:
Група 1: Норвешка 9 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Белорусија 2, Македонија 1.
Група 2: Германија 8, Данска 7, Шпанија 6, Шведска 4, Русија 3, Унгарија 0.