До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас, тврди Бектеши
До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубљи од страна на „непријателските држави“.
– Во случај да се донесе таква одлука, сите други алтернативни ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува Бугарија, ќе може да ги користиме и ние, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Бектеши рече дека како членка на НАТО и земја која има аспирации за влез во Европската Унија, државата ќе ги почитува сите одлуки што ќе бидат донесени на ниво на Алијансата и од страна на државите членки на ЕУ, но убеден е дека ќе се изнајдат други алтернативи за снабдување со природен гас. На дел од нив, како што посочи, веќе како држава работиме, а тоа се новиот интерконектор со Грција, директното учество во Александропулос и интерконекторот со Бугарија.
Бектеши рече дека утринава разговарал и со гувернерката на Народната банка и дека се уште нема насока од Европската централна банка бидејќи во нашата курсна листа ја нема рубљата како валута и не може да се прават такви трансакции.
Во однос на лиценцата на БЕГ и дали таа ќе биде одземена по потфрлањето на оваа компанија во екот на грејната сезона, Бектеши рече дека тоа не е надлежност на Министерствто за економија, но доколку по завршување на договорот меѓу ЕСМ и БЕГ, не се исполнуваат условите, тогаш сигурно ќе се постапи според законските прописи.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
