Петков: Руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија
Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.
– Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Северна Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков за време на посетата на Благоевград.
Според него, некој се обидува да го замени бугарскиот интерес.
– Имаме неколку такви случаи на кои работиме, рече Петков.
Претходно Петков рече дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати. Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на Северна Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи