Радев: Пописот е уште еден доказ на обесправеноста на Бугарите во Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, јави дописникот на МИА од Софија.
– Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев.
Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да го заштити националниот интерес на земјата.
Во врска со објавените резултати од пописот во Северна Македонија, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Северна Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари“.
Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман