Скопјанец поднел барање за надомест на штета од измислена сообраќајка
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против В.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама" по член 247 став 3 во врска со став 7 од Кривичниот законик.
Во текот на јули 2019 година пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителна компанија во Скопје.
Во својство на осигуреник/договарач на полиса за каско осигурување на неговото патничко возило „ауди а4“, поднел барање за надомест на штета од наводна сообраќајна несреќа со возилото, која, според неговото тврдење, се случила на територијата на Република Албанија во истиот месец и во прилог на барањето приложил документација со изјава наводно издадена од овластени лица од МВР на Република Албанија.
По преземени мерки било утврдено дека на наведениот ден нема заведена сообраќајна несреќа во Република Албанија и на тој начин пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителната компанија да му исплатат надомест на штета во износ од 924.423 денари.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково