Во текот на неделава се очекува олабавување на мерките, но состојбата со Ковид-19 сè уште е непредвидлива
Од вкупно 1.192 направени тестови во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 48 нови случаи со КОВИД-19, што претставува 4 отсто од тестираните. Од вкупниот број заболени, седум се реинфекции. Согласно податоците од
Претставничката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во земјава, Патриција Ди Џовани во вчерашно обраќање истакна дека се наоѓаме во непредвидлива состојба со пандемијата и оти треба да се почитуваат мерките.
– Треба да имаме предвид во која фаза од пандемијата сме, односно каков е нејзиниот тек. Комисијата за заразни болести заседава, издава свои препораки, меѓутоа не значи дека сите мерки треба да бидат унифицирани за целата територија, бидејќи, како што кажавме ние од УНИЦЕФ, заедницата треба да се грижи за заедницата. Доколку во одредена заедница немаме случаи на Ковид-19 во тој случај би можело да се намалат мерките, односно да нема потреба да се носат маски итн., меѓутоа доколку има случаи на Ковид треба да се придржуваме до мерките. Треба да имаме доверба во работата на Комисијата, нагласи Ди Џовани.

Во однос на намалување на мерките, Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар, максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 проценти да се зголеми на 75 проценти, но и да се укине протоколот за угостителски објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат.
Предлозите се доставени до Владата и се очекува во текот на оваа недела да бидат изгласани и усвоени на владината седница.

Во тек е и караванот за промоција на вакцината против коронавирусот, што го организираат Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а на активни случаи изнесува 1.834.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
