-->
-->
Голем интересот кај прилепските земјоделци за обновување на механизацијата
-->

Прилепските земјоделци покажуваат огромен интерес за набавка на нова механизација, мерка од Програмата за рурален развој. Изминативе години преку 600 земјоделци ја обновиле механизацијата, а интерес има и за сегашниот јавен повик кој е во тек, изјави Горан Томески од Подрачната единица на Агенцијата за унапредување на земјоделството.
На денешната прес-конференција, Агенцијата и локалните власти ги повеикаа земјоделците да ги искористат можностите да ја обноват механизацијата преку мерката за набавка на земјоделска опрема и механизација од програмата за рурален развој. Повикот е отворен од 21 јануари и ќе трае до 20 февруари.
Според Томески, поволностите се уште поголеми зашто може да се пријават и нерегистрираните земјоделци и тутунарите.
- Мерката е популарна кај земјоделците од Прилеп, Кривогаштани и Долнени и секоја година средствата целосно се искористуваат. Сега, покрај регистрираните земјоделци, може да конкурираат и нерегистрираните, односно сите кои имаат пријавено производство. Во мерката покрај сите фуражни и други култури, вклучен е и тутунот. Секогаш 50 до 60 проценти од барањата се одобрени, сега може да се аплицира и електронски. Како Агенција, помагаме земјоделците да изготват квалитетни програми, рече Томески.
Според него, половината или 300 од одобрените барања изминативе години се однесувале на набавка на нови трактори.
- Целта е да се обнови целокупната механизација зашто поголемиот дел, особено тракторите, се стари и по 30 години. Со новата механизација се зголемува продуктивноста, приносите и кон курентноста на земјоделците на пазарот, објасни Томески.
Агенцијата за унапредување на земјоделството за идниот месец, февруари, ја најави и новата мерка за поддршка на младите земјоделци. Почетниците-земјоделци ќе може да добијат и 600.000 денари или околу 10.000 евра неповратна помош што е сериозна финансиска инјекција.
Освен владините мерки за поддршка, на земјоделците им се на прасполагање и мерките од ИПАРД програмата.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја нагласи поддршката што ја имаат земјоделците од општината. - Ги повикувам земјоделците да ги искористат сите овие поволни мерки за да се подобри ефикасноста на земјоделското производство. Тука влијаат и субвенциите што им ги дава Владата. На овој начин се развива и општината зашто има поголем прилив на средства, рече Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
